25/08/2026
АГОЛ ТЕСЛА
Модуларната аголна гарнитура „Tesla“ е совршен избор за оние кои сакаат модерена и функционална гарнитура со исклучителна удобност во својот дом. Овој сет се состои од модуларни елементи, што значи дека може да се прилагоди на секој простор – од мали станови до големи дневни соби.
Производител: Тахирович Намештај
19/08/2026
Столица CELINE
Ново во нашата понуда Столица Celine достапна во две варијанти, со фурниран грб или целосно тапацирана, и голем избор на бои и материјали по ваша желба.
07/08/2026
ТТФ ДАНТЕ
Гарнитура Данте ви нуди голема функционалност и удобност, троседи со механизми за спиење и фотелја изработени со метални ногарки и високо квалитетен штоф. Изборот на боја е ваш.
Цена 88.000 -10% = 79.200ден✅
29/07/2026
LINE by Almero
Каде што модерната едноставност се среќава со исклучителната удобност.
Елегантниот дизајн, префинетата изработка и избалансираната потпора се спојуваат за да создадат доживување при спиењето што зрачи со луксуз и лежерност.
Разбудете се освежени. Уживајте во удобност.
27/07/2026
Трп.маса МОНЦА + столица МИЛАНО
Трпезариска маса Монца – елегантна, издржлива и прилагодлива! Со плоча од синтеруван камен и можност за двојно продолжување, таа лесно се прилагодува на вашите потреби. Благодарение на иновативниот механизам, може да се прошири во две фази, обезбедувајќи повеќе простор кога е потребно, а истовремено задржувајќи компактен изглед кога не се користи. Идеално решение за семејни собири и прослави.
25/07/2026
Трп.маса ФОРЕСТ + столица АМЕЛИА
Трпезариската маса Форест има модерен и елегантен дизајн со синтеруван камен во мермерен декор. Страничниот раб со фурнир од орев и рамката од MDF со фурнир од орев обезбедуваат софистициран изглед и стабилност.
Столица Амелиа со модерен и префинет дизајн, изработена во метална конструкција и мебел штоф.
21/07/2026
ФОТЕЛЈА СИГМА
Сигма е фотелја која комбинира врвна удобност и софистициран, модерен дизајн.
Нејзиниот ергономски облик ја следи линијата на телото, обезбедувајќи максимална потпора и релаксација, додека дополнителната столица овозможува целосно уживање и одмор на нозете.
10/07/2026
АГОЛ ЕРМЕС
Ермес е модерна и функционална аголна гарнитура што совршено ќе го надополни вашиот простор за живеење. Оваа гарнитура е опремена со механизми на страничните делови и на наслоните, што ви овозможува лесно да ја прилагодите нејзината положба според вашите потреби и желби.
Металните ногарки се главен украс на оваа гарнитура и претставуваат модерен елемент во нејзиниот дизајн. Што се однесува до бојата можете да изберете различни бои и материјали за совршено да се вклопат во вашиот простор.
Производител: Тахирович Намештај
Димензии 310х270цм
Цена: 101.700 -10% = 91.500ден✅
03/07/2026
PURE by Almero
Создаден за оние кои бараат природна удобност и елеганција без напор.
Внимателно одбрани материјали, врвна изработка, со душек дизајниран да ги обнови и телото и умот.
Креветот е изработен со метална конструкција со магацински простор. Достапен во сите димензии по нарачка.
27/06/2026
Трпезариска маса ПОРЦИНО
Порцино спојува луксузна камена плоча и елегантна централна основа, што ја прави идеална за современи трпезарии. Тркалезната форма овозможува пријатно дружење и рамномерна распределба на просторот. Плочата на масата е изработена од синтеруван камен со полиран дезен „Iranian Statuario“, во комбинација со медијапан (MDF) во декор на темен орев. Централната ногарка е изработена од метални цевки со примена на техника за термички пренос на дезен темен орев , што придонесува за стабилност и визуелна елеганција.
Димензија ф120цм